• сабота, 21 декември 2024

Лидерот на Хамас му се заблагодари на шефот на Хезболах за поддршката во тековната војна со Израел

Лидерот на Хамас му се заблагодари на шефот на Хезболах за поддршката во тековната војна со Израел

Бејрут, 13 септември 2024 (МИА) - Јахја Синвар, водачот на палестинската група Хамас, му се заблагодари на лидерот на либанскиот Хезболах Хасан Насрала за неговата поддршка во тековната војна со Израел во писмото објавено од канцеларијата за медиуми на Хезболах, објавија американските медиуми.

Синвар му се заблагодари на Насрала за „благословените акции“ на групите поддржани од Иран во поддршката на Хамас од 7 октомври, кога борците на групата убија околу 1.200 луѓе, главно цивили, и киднапираа 250 луѓе. Во писмото Синвар ја опиша војната како „една од најчесните битки за палестинскиот народ“.

На 8 октомври Хезболах почна да ги напаѓа израелските воени пунктови долж границата со Израел, предизвикувајќи тековна размена на оган во која загинаа стотици луѓе. Министерството за здравство во Појасот Газа тврди дека повеќе од 41.000 Палестинци загинале на територијата на земјата од почетокот на војната меѓу Израел и палестинските власти.

Војната предизвика масовно уништување и раселени околу 90 отсто од 2,3 милиони жители на Газа, а ОН соопштија дека палестинската економија е „во состојба на слободен пад“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан