• сабота, 21 декември 2024

Лидерот на Хамас го обвини Израел дека ги саботира напорите за постигнување прекин на огнот

Лидерот на Хамас го обвини Израел дека ги саботира напорите за постигнување прекин на огнот

Газа, 5 мај 2024 (МИА) – Палестинскиот лидер на Хамас Исмаил Ханије денеска го обвини Израел дека ги саботира напорите на посредниците за постигнување примирје во Појасот Газа и размена на заложници за Палестинците кои се наоѓаат во израелските затвори.

Ханије во изјавата рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сака „да измислува постојани оправдувања за продолжување на агресијата, продолжување на конфликтот и да ги саботира напорите на различни посредници и различни страни“, пренесе Бета.

Тој рече дека Хамас е подготвен да постигне сеопфатен прекин на огнот што ќе стави крај на израелската агресија и ќе гарантира повлекување на Израел од Газа.

Премиерот на Израел претходно денеска најави дека неговата земја нема да прифати целосен крај на војната и повлекување на армијата од Појасот Газа.

Израелскиот лидер додаде дека Израел нема да ги прифати барањата на Хамас кои според него претставуваат предавање и ќе продолжи да се бори додека не се постигнат неговите цели. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан