Лидерот на венецуелската опозиција најави враќање во земјата
- Лидерот на опозицијата во Венецуела, Едмундо Гонзалес денеска изрази уверување дека навреме ќе се врати од Шпанија во својата земја за да положи претседателска заклетва на 10 јануари.
Мадрид, 10 декември 2024 (МИА) – Лидерот на опозицијата во Венецуела, Едмундо Гонзалес денеска изрази уверување дека навреме ќе се врати од Шпанија во својата земја за да положи претседателска заклетва на 10 јануари.
- Не одиш во војна со страв, затоа сум убеден дека некако ќе отпатувам во Венецуела за да ја преземам власта, рече Гонзалес на настан во Мадрид, каде што живее во егзил од 8 септември.
Откако венецуелскиот претседател Николас Мадуро рече дека опозицијата подготвува државен удар за да го собори од власт, беше распишана потерница против Гонзалес за наводен заговор и други злосторства.
Опозицијата инсистира дека Гонзалес е вистинскиот победник на претседателските избори во јули на кои Мадуро се прогласи за победник.
Кандидатката на Гонзалес за потпретседателка, Марија Корина Макадо, која се наоѓа на непозната локација во Венецуела, учествуваше на настанот во Мадрид преку видео врска и рече: „Се соочуваме со исклучително предизвикувачки и опасни времиња“. јт/