• вторник, 17 декември 2024

Лидерот на АфД во Тирингија, Бјорн Хоке, казнет со 16.900 евра поради користење нацистички слоган

Лидерот на АфД во Тирингија, Бјорн Хоке, казнет со 16.900 евра поради користење нацистички слоган

Берлин, 1 јули 2024 (МИА) - Лидерот на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) во Тирингија, Бјорн Хоке, е казнет со 16.900 евра поради користење нацистички слоган на собир на партијата во декември, пишува Политико.

Судот во Хале пресуди дека политичарот мора да ја плати казната бидејќи ги употребил првите две зборови од слоганот „Сè за Германија“ на собир на АфД во декември, а потоа ги охрабрил присутните да ја завршат реченицата.

Користењето на оваа фраза во политички говори е забрането во Германија, бидејќи ја користеле јуришните одреди на Адолф Хитлер при доаѓањето на нацистите на власт во триесеттите години од минатиот век, потсетува Политико.

Се очекува Хоке да се жали на пресудата, бидејќи тврди дека не очекувал од публиката да го заврши слоганот и дека е мета на политички прогон.

Хоке во мај беше казнет со 13.000 евра, бидејќи го завршил завршниот говор во кампањата во 2021 година со истата парола, а и тогаш неговите адвокати поднеле жалба на пресудата.

Политико наведува дека АфД е најпопуларната партија во Тирингија со скоро 29 проценти поддршка, па се очекува да победи на локалните избори во септември, а Хоке цели кон премиерската функција во таа покраина. ссм/

фото: архива

Остани поврзан