Лидерите на 83 земји ќе учествуваат на Генералното собрание на ОН
- - Досега, лидерите на 83 земји искажаа намера да присуствуваат лично, а 26 се пријавија за снимена видео порака, прецизираше тој.
Њујорк, 9 септември 2021 (МИА) - Се очекува 83 шефови на држави да присуствуваат на Неделата на високо ниво на Генералното собрание на ОН, соопшти претседателот на 75-та сесија на Генералното собрание на ОН Волкан Бозкер за време на денешната прес-конференција.
- Досега, лидерите на 83 земји искажаа намера да присуствуваат лично, а 26 се пријавија за снимена видео порака, прецизираше тој.
Дипломатот истакна дека се очекува да присуствува и еден потпретседател.
На настаните на Неделата на високо рамниште на Генералното собрание на ОН лично ќе присуствуваат 43 шефови на влади и тројца вицепремиери. Од нив, 12 ќе обезбедат снимка од нивните обраќања, а 23 министри за надворешни работи ќе зборуваат во живо. ссм/