• петок, 05 декември 2025

Лидерите на кипарските Грци и Турци го поздравија повторното назначување на Марија Анхела Олгин Куељар за амбасадорка во Кипар

Лидерите на кипарските Грци и Турци го поздравија повторното назначување на Марија Анхела Олгин Куељар за амбасадорка во Кипар

Никозија, 5 мај 2025 (МИА) - Претседателот на Република Кипар, Никос Христодулидес, и лидерот на кипарските Турци, Ерсин Татар, го поздравија повторното назначување на Марија Анхела Олгин Куељар за личен претставник на генералниот секретар на ОН за Кипар и се согласија за нови иницијативи поврзани со животната средина и климатските промени, јавија кипарските медиуми, повикувајќи се на писмена изјава за медиумите од портпаролот на ОН во Кипар.

Во соопштението се вели дека двајцата лидери „го поздравија повторното назначување на Марија Анхела Олгин Куељар за личен претставник на генералниот секретар за Кипар и изразија очекување да се сретнат со неа на Кипар во наредните недели“.

Двајцата лидери ја основаа Техничката комисија за млади, се додава во соопштението.

-Тие ги поздравија членовите на комисијата и ја повикаа да промовира дијалог и иницијативи фокусирани на прашања поврзани со младите, рече портпаролот.

Двајцата потоа се сретнаа и „го оценија напредокот постигнат во реставрацијата на гробиштата и му наложија на Техничкиот комитет за културно наследство да продолжи со својата работа“.

Како што е наведено во соопштението, Христодулидес и Татар се согласија и за нови иницијативи поврзани со животната средина и климатските промени.

-Дискусиите продолжија за деминирање, сончева енергија и премини. Двајцата лидери одлучија редовно да ги разгледуваат прашањата и се согласија наскоро повторно да се сретнат, се вели во соопштението за медиумите. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан