Лидерите на ЕУ повикуваат за формирање „коридори и паузи“ за помошта да пристигне во Газа
Брисел, 26 октомври 2023 (МИА) - Лидерите на ЕУ денеска повикаа за „хуманитарни коридори и паузи“ со цел добивање помош во Газа, по повеќечасовни преговори на самитот на блокот во Брисел.
„Европскиот совет ја изразува својата најголема загриженост за влошувањето на хуманитарната ситуација во Газа и повикува на континуиран, брз, безбеден и непречен хуманитарен пристап и помош за да се дојде до оние кои имаат потреба со сите неопходни мерки, вклучувајќи хуманитарни коридори и паузи за хуманитарни потреби“, се нагласува во соопштение. зш/