• вторник, 24 декември 2024

Лидерите на ЕУ повикаа на строги ограничувања поради новите мутации на коронавирусот

Лидерите на ЕУ повикаа на строги ограничувања поради новите мутации на коронавирусот
Брисел, 25 февруари 2021 (МИА) – Лидерите на Европската унија денеска се заложија за „задржување на строгите ограничувања“ и забрзување на вакцинацијата против коронавирусот поради разните мутации на вирусот. - Епидемиолошката состојба останува сериозна, а новите мутации на коронавирусот претставуваат дополнителни предизвици. Затоа, мора да ги задржиме строгите ограничувања, а во исто време да се зајакнат напорите за побрза испорака на вакцини, рекоа лидерите на ЕУ по првиот ден од онлајн самитот. Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека следните недели ќе бидат „тешки во областа на вакцинацијата“. - Моменталната состојба е тешка … Но, јас би сакал да испратам порака за оптимизам. Имаме средства со кои ќе обезбедиме ЕУ да игра клучна улога во надминувањето на кризата во следните месеци, рече Мишел. Претседателот на Европскиот совет изјави дека темите на вториот ден од самитот ќе бидат безбедноста и одбраната. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе се приклучи на видео-конференцијата во размена на мислења за соработката меѓу ЕУ и НАТО. - Ќе разговараме за тоа како да ја подобриме нашата заедничка способност да одговориме на безбедносните предизвици и закани, рече Мишел, додавајќи дека би сакал да се посвети внимание на кибер-нападите и хибридните закани што претставуваат вистински безбедносни предизвици. јт/

Остани поврзан