Лига на шампиони: Стартна победа на Лајпциг, без голови во Милано
- Со воведните натпревари во групите Г и Ф вечерва започна групната фаза во фудбалската Лига на шампиони.

Милано, 19 септември 2023 (МИА) – Со воведните натпревари во групите Г и Ф вечерва започна групната фаза во фудбалската Лига на шампиони.
Лајпциг во групата Г триумфираше на гостувањето против швајцарски Јанг Бојс со 3-1 (1-1).
Во вториот натпревар во терминот од 18:45 часот Милан и Њукасл одиграа без голови во Милано.
Вечерва на програмата се преостанатите натпревари од воведното коло во ЛШ меѓу Барселона – Антверпен, Феенорд – Селтик, Лацио – Атлетико Мадрид, Манчестер сити – Црвена ѕвезда, ПСЖ – Борусија Дортмунд и Шахтјор – Порто. ег/
Фото: Фејсбук