• вторник, 23 јули 2024

Ливерпул со победа против Лидс ја започна одбраната на трофејот во Премиер лигата

Ливерпул со победа против Лидс ја започна одбраната на трофејот во Премиер лигата
Ливерпул, 12 септември 2020 (МИА) – Ливерпул вечерва го совлада Лидс со 4:3 во првото коло од новата сезона во Премиер лигата. Актуелниот шампион до трите бода стигна најмногу по заслуга на Мохамед Салах кој постигна хет-трик. Два од трите гола Салах ги постигна од пенал. Еднаш во листата на стрелци за „црвените“ се запиша Вирџил ван Дајк. За Лидс шанса за настап не доби македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски. Резултати на другите саботни мечеви од 1. коло во Англиското фудбалско првенство: Фулам – Арсенал 0:3 и Кристал Палас – Саутемптон 1:0. зс/

Остани поврзан