• недела, 28 јули 2024

Ливерпул може да го продолжи договорот со Лалана до крајот на сезоната

Ливерпул може да го продолжи договорот со Лалана до крајот на сезоната
Лондон, 9 јуни 2020 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Адам Лалана, може да го продолжи договорот со клубот до крајот на сезоната. Според „The Independent“, раководството на „црвените“ има намера да го зачува  32-годишниот Англичанец до крајот на сезоната, која беше суспендиран поради пандемијата на коронавирус. Претходно се дозна дека играчот од средниот ред сака да го напушти клубот. За него се заинтересирани Лестер и Лацио. Лалана има еден гол и две асистенции на 22 натпревари за Ливерпул во сезоната 2019/20. зс/

Остани поврзан