• петок, 05 декември 2025

Ливерпул го победи Барнли со гол од пенал во судиското надополнување

Ливерпул го победи Барнли со гол од пенал во судиското надополнување

Барнли, 14 септември 2025 (МИА) - Ливерпул попладнево го победи Барнли на гостински терен со 1:0 во 4. коло од Премиер лигата.

Домаќините го завршија натпреварот со десет играчи откако Лесли Угочукву доби црвен картон во 84. минута.

Мохамед Салах го постигна победничкиот гол во 90+5-та минута од пенал.

Ливерпул (12 бода) ја оствари својата четврта победа на почетокот од сезоната и се врати на првото место во шампионатот. 

Барнли со само три бода е на 17. позиција на табелата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан