• вторник, 10 март 2026

Ливерпул без голманот Алисон отпатува за Истанбул на дуелот со Галатасарај во ЛШ

Ливерпул без голманот Алисон отпатува за Истанбул на дуелот со Галатасарај во ЛШ

Ливерпул, 9.март 2026 (МИА) – Менаџерот на Ливерпул Арне Слот има проблем пред првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите на гостински терен против Галатасарај во Истанбул. Бразилскиот репрезентативец беше дел од денешниот тренинг, но поради непријатност кон крајот на тренингот тој го напуштил тренинг центарот.

Неговата замена Грузиецот Горѓи Мамардашвили се очекува да биде на голот на почетокот на натпреварот, а негова замена ќе биде Фреди Вудман. Според информациите не е позната тежината на повредата на Алисон и секако дали ќе биде подготвен за неделниот дуел од Премиер лигата против Тотенхем.

Алисон оваа сезона веќе имаше пауза поради повреда на мускулот, која ја доби на дуелот од Лигата на шампионите во Истанбул против Галатасарај од групната фаза кога „црвените“ загубија со 1:0 на 30.септември 2025 година. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан