• вторник, 24 декември 2024

Либија: Постигнат договор за прекин на конфликтот во предградијата на Триполи

Либија: Постигнат договор за прекин на конфликтот во предградијата на Триполи

Триполи, 10 август 2024 (МИА) - Постигнат е договор за прекин на конфликтот меѓу две вооружени групи што избувна во петокот напладне, во источните предградија на либиската престолнина, јави Бета.

Девет лица загинаа во петокот, а десетици се повредени, се вели во соопштението на Брзата помош и спасувачката служба на главниот град.

„Борбите престанаа благодарение на договорот и посредувањето на другите вооружени групи“, изјави денеска извор од Министерството за внатрешни работи на владата на национално единство (ГНУ), со седиште во Триполи.

Во согласност со договорот, борците од бригадите Рахбат ал-Дур и Шухад Сабри се повлекоа од областа што ја зазедоа во петокот за да дозволат интервенирање на трета неутрална група.

Итната служба денеска соопштија дека морале да евакуираат 72 семејства од борбените зони.

Универзитетот во Триполи, кој се наоѓа недалеку од тоа подрачје, денеска најави прекин на наставата како „превентивна мерка“.

Либија е поделена меѓу два ривалски табора, при што владата на ГНУ на Абделхамид Дејбах, призната од ОН на запад се соочува со паралелна извршна власт поврзана со групата на генералот Калифа Хафтар, која владее на исток и дел од југ.

Мисијата на ОН во Либија повика на „деескалација и избегнување дополнителни тензии“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан