• среда, 25 декември 2024

Либан формираше нова влада по повеќе од една година блокада

Либан формираше нова влада по повеќе од една година блокада
Бејрут, 10 септември 2021 (МИА) - Формирана е нова влада во Либан, со што се стави крај на 13-месечната блокада што доведе до уште подлабока финансиска криза и сиромаштија во земјата, објавија странските агенции, повикувајќи се на кабинетот на претседателот Мишел Аун. Кабинетот на претседателот денеска соопшти дека е потпишан указот за новата влада, предводена од милијардерот бизнисмен Наџиб Микати. Либан е без редовна влада од големата експлозија во пристаништето во Бејрут на 4 август 2020 година, што доведе до оставка на кабинетот на тогашниот премиер Хасан Диаб. Оттогаш имаше несогласувања помеѓу различните политички групи околу составот на идната влада. паг/

Остани поврзан