• среда, 25 декември 2024

Либан издаде упатства за претпазливост за евакуација на аеродромот во Бејрут во случај на вонредна состојба

Либан издаде упатства за претпазливост за евакуација на аеродромот во Бејрут во случај на вонредна состојба

Бејрут, 28 октомври 2023 (МИА) - Либанските власти денеска издадоа упатства за претпазливост за евакуација на меѓународниот аеродром во Бејрут и околните локации во случај на вонредна состојба, објавија британските медиуми. Ова доаѓа во време на зголемени тензии долж либанско-израелската граница.

Раководството на меѓународниот аеродром „Рафик Харири“ во Бејрут, кој се наоѓа на јужната периферија на главниот град, извести за моментална ескалација на ситуацијата долж границата. Неодамна, имаше дневна, но релативно ограничена размена на оган меѓу Израел и силно вооружената либанска група Хезболах.

Либанските власти ја објавија директивата откако израелската Армија ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа во текот на ноќта. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан