Либански Хезболах го нападна северен Израел по израелскиот напад врз неговото седиште
- Либанското движење Хезболах синоќа соопшти дека го нападнале северниот израелски град Сафед, што е негов прв напад по тешките израелски напади врз воениот штаб на движењето во јужните предградија на Бејрут.

Бејрут, 28 септември 2024 (МИА) - Либанското движење Хезболах синоќа соопшти дека го нападнале северниот израелски град Сафед, што е негов прв напад по тешките израелски напади врз воениот штаб на движењето во јужните предградија на Бејрут.
Хезболах вели дека истрелал ракети кон Сафед „во одбрана на Либан и неговиот народ и како одговор на израелските напади“, соопшти шиитското либанско движење.
Израелската армија пак соопшти дека ракета на Хезболах погодила куќа во Сафед и дека и таа извршила напад и врз позициите на Хезболах во Либан, каде попладнето го гаѓала седиштето на организацијата. паг/
Фото: МИА архива