• сабота, 23 ноември 2024

Ле Дриан: Конфликтот во Украина ќе потрае, последиците се долгорочни

Ле Дриан:  Конфликтот во Украина ќе потрае, последиците се долгорочни
Париз, 13 мај 2022 (МИА) - Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан истакна дека лидерите сега треба да се справат со војната во Украина како со долготраен конфликт што ќе предизвика сериозни последици ширум светот. „Светските лидери треба да се подготват дека војната во Украина може да потрае и да ги разгледаат нејзините долгорочни последици“, изјави Ле Дриан. „Сега треба да се справиме со конфликтот што ќе потрае, а со тоа и да се справиме со последиците од овој конфликт на меѓународно ниво на долг рок, особено во областа на стабилно снабдување со храна“, рече Ле Дријан, пренесува Би-Би-Си. паг/    

Остани поврзан