• понеделник, 23 декември 2024

Лејзенби: Тејлор-Џонсон би се снашол како „Џејмс Бонд“

Лејзенби: Тејлор-Џонсон би се снашол како „Џејмс Бонд“

Канбера, 26 март 2024 (МИА) - Британските медиуми минатата седмица објавија дека Англичанецот Арон Тејлор-Џонсон добил понуда да биде „новиот Џејмс Бонд“. По тој повод, австралискиот глумец Џорџ Лејзенби - вториот актер кој го глумеше славниот таен агент во само еден „007“ филм во 1967 година, го поздрави изборот.

Ѕвездата од „Во служба на Нејзиното Височество“, за „Ти-ем-зи“ изјави дека Тејлор-Џонсон „би можел да се справи со акробациите и сите оние дами“ околу познатиот агент во одело.

Лејзенби (84), сепак, истакна дека работата сѐ уште не завршена, бидејќи „кога самиот тој бил на аудиција за улогата во 1960-тите, морал да мине низ куп различни тестови и аудиции“ пред да ја добие работата, вели ветеранот. Тој му порача на помладиот колега да остане верен на себеси и да ја прилагоди улогата како што нему му одговара.

Доколку Арон Тејлор-Џонсон (33) ја добие улогата, тој ќе биде седмиот глумец кој ќе го толкува најпознатиот филмски „007“ шпион. Сепак, трката за улогата сѐ уште трае. Како други фаворити се споменуваат и Хенри Кавил, Демсон Идрис, Том Харди, Крис Еванс, Џејмс Нортон и Килијан Марфи. си/рп/

Фото: ЕПА, Википедија

Остани поврзан