• среда, 27 ноември 2024

Лечиќ се повлекува од политиката

Лечиќ се повлекува од политиката
Белград, 25 март 2021 (МИА) - Бранислав Лечиќ денеска соопшти дека поради аферата, во која актерката Данијела Штајнфелд го обвини за силување, се повлекува од лидерската функција во движењето Демократи на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. - Со цел оваа моја борба за вистина да не им наштети на сите оние со кои учествувам во борбата против овој злобен режим, се повлекувам од раководството на движењето Демократите на Србија. Ова е моја лична борба за одбрана на мојот интегритет, име и професионална репутација и не сакам да ги оптоварувам сите оние кои се искрени борци за нормална, слободна и демократска Србија, напиша Лечиќ на Фејсбук. Претходно, Драмски театар од Белград соопшти дека, на барање на поголем дел од ансамблот на претставата „Кога цветаа тиквите“, актерот Лечиќ поради сегашната состојба е исклучен од претстојните претстави. Лечиќ претходно на социјалните мрежи објави дека добил порака од БДП во која се наведува дека 17 актери бараат од него да не игра во претставата. Тој вчера објави дека добил покана в петок да сведочи во Вишото јавно обвинителство во Белград за  обвинувањата од Штајнфелд дека ја силувал на 7 мај 2012 година. Лечиќ е поранешен министер за култура и поранешен член на Демократска партија. об/ми/

Остани поврзан