• сабота, 23 ноември 2024

Лефков: Законот за реорганизација на работата на органите на државната управа ги средува надлежностите помеѓу министерствата

Лефков: Законот за реорганизација на работата на органите на државната управа ги средува надлежностите помеѓу министерствата

10 јуни 2024 

„Во првите 30 дена по изборите се случуваат многу значајни процеси кои што ќе ве потсетам дека законот за реорганизација на работата на органите на државната управа односно преструктуирањето на новата влада беше едно од првите ветувања што беше дадено практично и платформата 1198 беше отворена нејзината промоција токму со оваа најава. Во одреден земји во одредени држави самите мандатари односно самите премиери ја одредуваат структурата на министерствата, бројот на министерствата и нивната надлежност. Во Македонија имаше ситуација каде надлежноста се преклопуваше помеѓу различни министерства закон кој што не е менуван повеќе од две декади закон кој што за жал можам да констатирам дека од страна на СДСМ и ДУИ во изминатите години се интервенираше со одредени материјални закони без да се менува законот за организација на државната управа само затоа што немаа две третини“, кажа Миле Лефков пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во емисија „За или против“ на Алфа ТВ и додаде:

„Она што покажа ВМРО-ДПМНЕ е дека има слух и за интересите на народот, има силен коалиционен капацитет, има силно лидерство кое знае да обединува и да креира едно огромно мнозинство се со цел да се остварат ветувањата и интересите кои што ги имаат граѓаните затоа што многу е важно државната администрација да може да одговори на современите предизвици. Многу е добро тоа што новата влада уште пред да се формира се зафати со решавање на многу горливи и би рекол многу тешки прашања а целта е единствена а тоа е да имаме поефикасна државна управа која што ќе знае да одговори на потребите“, истакна Лефков.

Лефков посочи дека законот за реорганизација на работата на органите на државната управа ги средува надлежностите помеѓу министерствата и се следат најновите текови во општеството и новите политички потреби.

„Станува збор на усогласување на надлежностите кои што ги имаат министерствата затоа што се појавуваше преклопување на  надлежностите и граѓаните кои што чекале одредени одговори од државната управа биле соочени со тој судир на надлежности кога ги препраќаат од едно на друга на трета врата па не се надлежни, па чекаат одговори од министерства и на крајот од денот трпат граѓаните и трпи бизнисот, економија. Овој закон ги средува надлежностите помеѓу различните министерства се следат најновите текови во општеството и новите политички потреби“, посочи Лефков.

Центар за комуникации ВМРО-ДПМНЕ 

фото:ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки 

Остани поврзан