• понеделник, 23 декември 2024

Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја става државата на брза трака за развој, 50.5 милијарди денари за капитални инвестиции

Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја става државата на брза трака за развој, 50.5 милијарди денари за капитални инвестиции

Скопје, 16 ноември 2024

Буџетот за 2025 година, предложен од Владата на ВМРО-ДПМНЕ е развоен и има за цел да генерира засилен економски раст.

Со Буџетот се предвидуваат рекордни 50,5 милијарди денари за капитални инвестиции. Овде се вклучени проекти како патната инфраструктура за Коридорите 8 и 10д, експресни патишта, железници, изградба на објекти. Ова се капитални инвестиции кои ќе бидат направени од сите министерства и ќе донесат и ќе започнат економска трансформација на државата.

Додека Владата е насочена кон развој се гледа и од основниот податок за зголемување на буџетските средства во Министерството за транспорт за 69,4% или приближно 7 милијарди денари повеќе. Имено покрај новата потпрограма за инфраструктурни проекти во општините, која изнесува 2,8 милијарди денари, во новиот буџетски план за следната година има зголемување за 3,9 милијарди денари повеќе во потпрограмата Инвестиции во патната инфраструктура и тоа за 95,1% повеќе од буџетскиот документ за 2024 година.
 
Расходите на Министерството за транспорт се зголемени за 69.4% или за 6.7 милијарди денари и се во вкупен износ од 16.3 милијарди денари. Најголем дел од проектираните расходи се планирани за капиталните проекти кои укажуваат на зголемување од 77.3%.

Македонија во 2025 година ќе биде едно големо градилиште на инфраструктура, училишта, болници, градинки и други јавни објекти.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја става државата на брза трака напред.

Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан