• среда, 25 декември 2024

Летонија го суспендираше договорот со Русија за заштита на спомениците

Летонија го суспендираше договорот со Русија за заштита на спомениците
Вилнус, 13 мај 2022 (МИА) - Летонија денеска усвои закон со кој се суспендира договорот со Русија за заштита на спомениците, повикувајќи се на законот кој потенцијално дозволува уривање на спомениците на советските војници во Рига. „Променетите геополитички услови значат дека Летонија нема да биде обврзана да ги зачува спомениците на советската окупација“, се вели во соопштението, во кое се додава дека земјата „ќе продолжи да ги исполнува своите меѓународни обврски во врска со погребите и одржувањето на гробиштата“. Договорот ќе биде суспендиран од 16 мај, објави Парламентот. Летонските власти претходно изјавија дека усвојувањето на овој закон ќе ги елиминира „сите правни пречки за суспендирање на заштитата на советските споменици, што ќе го отвори патот за нивно демонтирање или преместување“. паг/

Остани поврзан