Лестер триумфираше во англискиот Суперкуп
- Три месеци откако го освои англискиот ФА куп, екипата на Лестер вечерва триумфираше и во „Комјунити Шилд“, совладувајќи го на „Вембли“ шампионот Манчестер сити со 1:0 (0:0).

Лондон, 7 август 2021 (МИА) – Три месеци откако го освои англискиот ФА куп, екипата на Лестер вечерва триумфираше и во „Комјунити Шилд“, совладувајќи го на „Вембли“ шампионот Манчестер сити со 1:0 (0:0).
Единствениот гол на натпреварот во кој традиционално играат англискиот шампион од минатата сезона и освојувачот на ФА купот, го постигна Келечи Ихеаначо во 89. Минута од пенал.
За Лестер ова е втор трофеј во „Комјунити Шилд“ по 1971 година.
Новата сезона во Премиер лигата стартува на 14 август. ег/