• среда, 04 декември 2024

Лестер може да ги одигра преостанатите домашни натпревари од сезоната на неутрален терен

Лестер може да ги одигра преостанатите домашни натпревари од сезоната на неутрален терен
Лестер, 28 јуни 2020 (МИА) – Премиерлигашот Лестер можеби ќе треба да ги одигра преостанатите домашни натпревари во лигата на неутрален терен, пренесува „Телеграф“. Во текот на двонеделниот период, 652 нови случаи на инфекција со коронавирус се регистрирани во Лестер и околината. Во моментов, британската влада одлучува за воведување локална карантин во овој регион. Особено, движењето без добра причина може да биде забрането. Во најлошото сценарио за „Лисиците“, тие ќе треба да ги одиграат преостанатите домашни натпревари на неутрален терен, како што е предвидено со прописите на најквалитетната фудбалска лига на Островот. зс/

Остани поврзан