• недела, 28 јули 2024

Ленард ќе пропушти најмалку уште една недела поради повреда на стапалото

Ленард ќе пропушти најмалку уште една недела поради повреда на стапалото
Лос Анџелес, 21 април 2021 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес клиперс, Кавај Ленард ќе отсуствува најмалку уште една недела поради повреда на десното стапало. Минатата недела Ленард пропушти четири натпревари по ред, но се врати на теренот во неделата со 15 поени, 11 скока и 8 асистенции за 22 минути против Минесота. Според тренер Тајрон Лиу, Кавај сака да игра, но тимот донесе вистинска одлука. Клиперс со биланс 41 победа и 19 порази се на третото место во поредокот во Западната конференција. зс/

Остани поврзан