• недела, 21 јули 2024

Ленард по двегодишна пауза со победа се врати во плејофот на НБА-лигата

Ленард по двегодишна пауза со победа се врати во плејофот на НБА-лигата

Феникс, 17 април 2023 (МИА) – Лос Анџелес клиперс со победа ја започнаа својата серија во првото коло од НБА-плејофот со Феникс. Предводникот на тимот од Калифорнија, Каваи Ленард постигна 38 поени, 5 скока и 5 асистенции во триумфот од 115:110.

 

За 42 минути Ленард имаше реализација 13 од 24 од поле.

 

Каваи се врати во плејофот за прв пат од 14 јуни 2021 година кога се здоби со сериозна повреда на коленото. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан