Ленард и Портис прогласени за играчи на неделата во НБА
- Кошаркарот на Лос Анџелес клиперс, Каваи Ленард и членот на Милвоки бакс, Боби Портис се прогласени за најдобри играчи во последната натпреварувачка недела од регуларниот дел од сезоната на НБА во Западната и Источната конференција.

Вашингтон, 11 април 2023 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес клиперс, Каваи Ленард и членот на Милвоки бакс, Боби Портис се прогласени за најдобри играчи во последната натпреварувачка недела од регуларниот дел од сезоната на НБА во Западната и Источната конференција.
Клиперс на Ленард ја заврши неделата со три победи од три средби, а лидерот во тимот од Калифорнија имаше просек од 25,7 поени, 10,0 скока и 4,7 асистенции по натпревар.
Портис за прв пат во кариерата доби ваква награда. Тој имаше просек од 20,7 поени и 12,3 скока по натпревар со 59,1 отсто од 3 поени, додека Бакс имаше биланс две победи и два пораза. зс/
Фото: ЕПА