• понеделник, 16 декември 2024

Лекорну: Треба да подготвиме помош за Украина и да го зајакнеме источното крило на НАТО

Лекорну: Треба да подготвиме помош за Украина и да го зајакнеме источното крило на НАТО

Париз, 19 јуни 2023 (МИА) – Домаќин на средбата во Париз на европските министри за одбрана и претставници на 20 европски земји беше францускиот министер за вооружени сили, Себастиен Лекорну. Еднодневна конференција е поосветена на подобрување на одбраната на европскиот воздушен простор, прашање што добива посебна актуелност поради руската војна во Украина.

Средбата е посветена на стратегијата за автономна заштита на европскиот воздушен простор, која подоцна ќе се разгледува на ниво на ЕУ и НАТО

- Во однос на противвоздушната одбрана, имаме две обврски – да подготвиме помош за Украина и трајно да го зајакнеме источното крило на НАТО и да се вратиме на основите познати за време на Студената војна, но кои добија актуелност, кои мора да ги адаптираме, земајќи ги предвид технолошкиот скок, различните стратешки сојузи и фактот дека нарушувањето на поредокот на овој свет не доаѓа само од Истокот, истакна Лекорну.

Иницијатива на Париз најверојатно е реакција на германскиот проект Европски небесен штит, што почнат во октомври, што треба да се заснова на германските системи за воздушна одбрана со краток дострел Ирис-Т, американскиот Патриот со среден дострел и американско-израелските Стрела-3 со долг дострел.

Идниот Европски небесен штит веќе привлече 16 земји на НАТО, вклучувајќи ги Велика Британија, балтичките земји, Белгија, Холандија, Финска, Норвешка, како и Шведска.

Според Франција, проектот Европскиот небесен штит не го штити соодветно европскиот суверенитет, бидејќи во голема мера ќе се заснова на американската и израелската технологија. Париз го преферира сопствениот одбранбен систем земја-воздух со среден дострел САМП/Т-МАМБА.

Елисејската палата, ја нагласува потребата да се разгледа не само прашањето за ракетната одбрана, туку и прашањето за способноста за длабок удар и прашањето за нуклеарното одвраќање.

Берлин планира да одвои пет милијарди евра од 100-те милијарди евра од својот специјален одбранбен фонд за противвоздушна одбрана, а Париз исто така планира да одвои пет милијарди евра за оваа намена во периодот 2024-2030 година.

Европскиот производител на ракети Ембе Де А неодамна потпиша договор вреден околу две милијарди евра со Париз и Рим за набавка на речиси 700 ракети Астер, со кои се опремени француско-италијанските системи САМП/Т, како и договор за 2,2 милијарди евра со Полска за испорака на 44 ракетни фрлачи и неколку стотици ракети CAMM.

Веќе на почетокот на конференцијата, Франција, Белгија, Кипар, Унгарија и Естонија потпишаа документ во кој се наведува нивната намера заеднички да ги купат ракетните системи за противвоздушна одбрана со краток дострел Мистрал. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан