Леклер во Имола ќе вози со кацига посветена на навивачите на Ферари
- Возачот на Ферари, Шарл Леклер ја претстави специјалната кацига со која ќе настапи на трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Емилија-Ромања.

Маранело, 16 април 2021 (МИА) - Возачот на Ферари, Шарл Леклер ја претстави специјалната кацига со која ќе настапи на трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Емилија-Ромања.
На домашната сцена, Леклер одлучи да им го посвети дизајнот на навивачите на тимот и ги вклучи зборовите „Тифози“ и „Маранело“.
- Кацигата за овој викенд е знак на благодарност до сите вас за вашата поддршка. Пречекот што го имаме во Италија е секогаш посебен и жално е што не можете да бидете со нас во Имола. Се надевам дека сите ќе се вратите на трибините наскоро, напиша Леклер на Твитер.
Трката е закажа за в недела со почеток во 15 часот. зс/