• петок, 05 декември 2025

Легендарната американска фудбалерка Прес заминува во пензија

Легендарната американска фудбалерка Прес заминува во пензија


Њујорк, 15 октомври 2025 (МИА) – Една од најдобрите американски фудбалерки на сите времиња, Кристен Прес (36), го објави денеска своето пензионирање на крајот од сезоната.
Прес освои два златни медали на светските првенства (2015, 2019), како и олимписки бронзен медал на Игрите во Токио 2021 година со американскиот тим.
„Тешко е да се најдат зборови за да се збогувам со спортот што го дефинираше мојот живот повеќе од три децении. Фудбалот ми даде сè и ќе ми недостига да бидам на теренот. Благодарност до моето семејство, пријателите, соиграчите, тренерите и заедницата за ова прекрасно патување“, рече Прес.
Легендарната американска фудбалерка собра 155 настапи за националниот тим, постигнувајќи 64 голови.
Изминатите три сезони, Прес го носи дресот на Енџел Сити, а претходно настапуваше за Манчестер Јунајтед, Чикаго Ред Старс, Гетеборг, Јута Ројалс.ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан