• сабота, 23 ноември 2024

Лев сака да го врати Милер во репрезентацијата на Германија за Евро 2020

Лев сака да го врати Милер во репрезентацијата на Германија за Евро 2020
Берлин, 11 мај 2021 (МИА) – Фудбалерот за врска на Баерн Минхен, Томас Милер може да се врати во германската репрезентација. Според „Билд“ селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев е заинтересиран за враќање на 31-годишниот играч. Тренерот веќе го повикал Милер и му кажал за неговите планови. Во март 2019 година, Лев објави дека повеќе нема да ги повикува Томас Милер, Џером Боатенг и Матс Хумелс. Милер оваа сезона одигра 44 натпревари на сите натпреварувања, постигна 15 гола и направи 18 асистенции. зс/

Остани поврзан