• сабота, 23 ноември 2024

Лев по дебаклот во Севиља: На вистинскиот пат сме

Лев по дебаклот во Севиља: На вистинскиот пат сме
Севиља, 18 ноември 2020 (МИА) - Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев не е многу загрижен за високиот пораз (6:0) на мечот од Лигата на нации со репрезентацијата на Шпанија. - Во второто полувреме, се обидовме да извршиме индивидуален притисок за да постигнеме гол и да се вратиме во игра. Но, Шпанците играа подобро, тие беа побрзи и попрецизни. Немавме шанса. Сепак, им веруваме на играчите кои беа поканети во националниот тим. На вистинскиот пат сме, но досега заостануваме зад нивото што се надевавме дека ќе го достигнеме, изјави Лев. Шпанија со 11 бода го освои првото место во групата и се пласираше во плејофот, додека  Германија е втора со девет бод. зс/

Остани поврзан