• сабота, 23 ноември 2024

Левица: Поранешни функционери на ДУИ и роднини на Меџити, директори на МЕПСО и „НОМАГАС”

Левица: Поранешни функционери на ДУИ и роднини на Меџити, директори на МЕПСО и „НОМАГАС”

25 август 2024 

Владините кадровски решенија за директори продолжуваат онаму каде што застана режимот на СДС и ДУИ, па дел од новите директори се директни роднини на вицепремиерот Изет Меџити - со што станува јасно дека непотизмот, наместо професионализмот, се приоритети на коалиција ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ.

Имено, за директор на МЕПСО претходно беше назначен Бурим Љатифи, прв братучед на Изет Меџити. Директорската позиција во ,,НОМАГАС” ја доби Мухамед Елмази, актуелен советник во Советот на град Скопје од редовите на ДУИ и повторно братучед на Изет Меџити. Непотизмот во енергетските претпријатија не застанува тука, па во текот на вчерашниот ден за член на Управниот одбор на ЕСМ беше назначен Зоран Коњановски, брат на градоначалникот на Битола - Тони Коњановски.

Ваквото однесување е само најава дека ќе продолжи злоупотребата на јавните ресурси за лични и партиски придобивки, што ја намалува довербата на јавноста во институциите и создава ризик за неефикасно управување со критичната енергетска инфраструктура.

Левица предупредува дека ваквите назначувања на раководни позиции, без оглед на квалификациите на кандидатите, ја поткопуваат довербата и создаваат услови за корупција и несоодветно менаџирање на националните енергетски ресурси.

ДПМНЕ и истрошените кадри на ДУИ кои се прешалтаа во ВРЕДИ продолжуваат таму каде што застанаа СДС и ДУИ. Додека проектот ЗНАМ глуми коректив на власта со празни закани за напуштање на владата, додека институциите се полнат со роднините на поранешниот експонент на ДУИ, Изет Меџити.

Политичка партија Левица 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


 

Остани поврзан