• среда, 27 ноември 2024

Левица: Ковачевски и Мицкоски немаат легитимитет да менуваат Устав

Левица: Ковачевски и Мицкоски немаат легитимитет да менуваат Устав

Скопје, 5 април 2023Откако Христијан Мицкоски го премолчи неуставното воведување на двојазични униформи, деновиве јавноста е сведок на ретерирање од првичните ставови дека никаква промена на Уставот нема да поддржат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.Иако ВМРО-ДПМНЕ знае дека барањата на официјална Софија се вметнување на Бугарите во Уставот како конститутивен народ, под изговорот хрватска преамбула, Мицкоски ја отвора можноста за седнување на маса и промена на Уставот под бугарски диктат!Токму Мицкоски тврдеше дека неговата партија нема да поддржи никакви уставни измени и дека не може да се преговара додека нема реципроцитет со Македонците во Бугарија. Политичка незрелост е да се очекува дека официјалната бугарска политика ќе ретерира од своите неоврховистички барања, со оглед на фактот дека бугарската политика кон Македонија не е промената од времето на Тодор Живков!Дури и ЕУ експерти предупредија дека со внесување на Бугарите во Уставот се отвора можност за Бугарија да се повикува на меѓународни Конвенции за заштита на националните малцинства и официјална Софија да наоѓа оправдувања да го кочи пристапниот процес на Македонија во ЕУ. Македонците со Бугарија не споделуваат заедничка историја, затоа што бугарската фашистичка власт била окупатор и се борела против АСНОМ-ска Македонија, а тоа е темелот на современа Македонија.Дополнително, искуството потврдува дека секое отворање на Уставот под диктат на странски сили било погубно по суверенитетот и територијалниот интегритет на Републиката. Промена на Уставот под притисок и уцени на други држави е флагрантно мешање во внатрешните работи на Македонија и секој политичар кој претендира да ја освои власта мора да биде свесен за ваквиот анти-државнички чин, кој е еднаков на национално предавство.

 

Политичка партија Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан