• сабота, 06 декември 2025

Левица: Историска средба на Комунистичката партија на Кина со Левица во Скопје

Левица: Историска средба на Комунистичката партија на Кина со Левица во Скопје

Скопје, 22 мај 2025 

Во духот на меѓународна солидарност и заедничките идеали, висока делегација на Централниот Комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК), предводена од заменик-министерот за надворешни работи Чен Џоу, ја посети централната канцеларија на Левица во Скопје. Во рамките на посетата, во срдечна и пријателска атмосфера беше остварена и работна средба помеѓу Президиумот на Партијата, на чело со претседателот проф. д-р Димитар Апасиев, и кинеските претставници при што во фокус беше размената на искуствата и зајакнување на меѓусебната соработка. 

Делегацијата на КПК беше запознаена и со структурата и активностите на Левица, нејзиниот историјат и долгорочната визија за Партијата, но и за Република Македонија.

Оваа средба отвора врати за идна соработка и нагласуваме дека посетата претставува значаен чекор кон продлабочување на братските односи со Комунистичката партија на Кина и кинескиот народ, врз основа на взаемно почитување, еднаквост и заеднички визии за иднината. Остануваме посветени кон унапредување на дијалогот и солидарноста помеѓу сите народи на светот, што е суштински дел од нашата надворешно-политичка стратегија во услови на еден мултиполарен свет.

Левица

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото Левица

Остани поврзан