• петок, 20 декември 2024

Левица за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација

Левица за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација
Скопје, 7 април 2023Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација е само еден од пакетот закони кои власта сака по секоја цена да ги донесе во понеделник на 112-та собраниска седница по скратена постапка. Овие предлог закони се поврзани со коридорите 8 и 10 Д и се во функција на незаконското работење на власта предводена од ДУИ,..Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација нема да се надминат проблемите со имотно-правните прашања поврзани со реализацијата на Коридор 8 и Коридор 10 Д, ниту ќе се олесни процесот на експропријација за да се овозможи поефикасна примена на Законот за експропријација за градби кои се од стратешки интерес.Повеќе од 50 отсто од земјиштето е во приватна сопственост, а власта без да направи претходна студија ќе заглави со вештачења и судски процеси, со што ќе ги ПРОЛОНГИРА роковите и ќе ја зголеми цената на чинење на проектите.
Непрофесионалното работење на власта доаѓа до израз и со проектите за изградба на овие делници, за кои на почетокот беа најавени 500 - 800 милиони евра, за да достигнат 1,3 милијарди евра, меѓутоа над договорениот износ кој сигурно нема да биде конечен, потребни се најмалку 300 милиони евра за експропријација и многу други скриени трошоци.Имајќи предвид дека засега има само иницијален проект и допрва треба да се изработи основен проект и проект за изведба, дури тогаш, вклучувајќи ги и трошоците за експропријација, може да имаме приближна вредност на овие проекти. Буџетот дополнително ќе биде оптоварен ако проектите не се финализираат за 4,5 години, како што се случи и со многу други капитални инвестиции за кои народот плаќа огромни пенали, камати и провизии.Овој Предлог-закон, како дел од пакетот закони со кои би се обезбедило низа привилегии за американско-турскиот конзорзиум „Бехтел и Енка”, e спротивен на јавниот интерес на Републиката и затоа Левица ќе биде против негово донесување.
Политичка партија Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан