• четврток, 26 декември 2024

Левица: Европската Комисија против Законот за медиуми на СДСМ и ДПМНЕ

Левица: Европската Комисија против Законот за медиуми на СДСМ и ДПМНЕ

11 ноември 2023 

Скандалозното гласање на пратениците од СДС и ДПМНЕ од пред неколку дена, каде заеднички ја усвоија потребата од носење на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, спротивно на забелешките дадени во експертското мислење, беше нотирано од Европската комисија. и во најновиот Извештај за напредокот на патот кон ЕУ за 2023 година, јасно е наведено дека наместо државни кампањи, на медиумите им се неопходни одржливи решенија за нивна поддршка.

Ваквата забелешка од Европската комисија доаѓа по гласањето на пратениците од СДС и ДПМНЕ, кои во шверцерска постапка со европско знаменце, едногласно ги усвоија контроверзните измени за поткуп на медиуми - кои претходно Левица ги блокираше. Потсетуваме дека ваквите државни кампањи се спротивни на европските пракси, но ниту власта, ниту лажната опозиција, немаат слух за експертите и новинарските здруженија!

Препораките на ЕК од минатата година остануваат актуелни и во претстојната, а извештајот вели дека е неопходна поголема транспарентност во однос на медиумското огласување од државните институции и политичките партии, а предлог-Законот ќе ја поткопа независноста на медиумите. Со вака предложените измени, Владата и општините ќе издвојуваат и по неколку милиони евра годишно за финансирање на кампањи.

Извештајот нагласува и дека одлуката од пратениците за усвојувањето на законските измени дополнително ќе ја засили коруптивната и клиентелистичка култура во медиумскиот систем.

Носењето на ваквите измени во скратена постапка е уште една злоупотреба на европското знаме од страна на власта, но, овој пат поддржани и од ДПМНЕ. Наместо овие политички елити да се расфрлаат со познатите флоскули за европски вредности, истите треба да дадат објаснување пред јавноста и медиумската фела како е злоупотребено европското знаме за воведување државно финансирање на медиуми - спротивно на европската регулатива.

ПП Левица 

фото: МИА архива 

_______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан