• вторник, 26 ноември 2024

Левица: Вечна слава на Илинден и АСНОМ!

Левица: Вечна слава на Илинден и АСНОМ!

Скопје, 2 август 2023


Вечна слава на Илинден и АСНОМ!

Вековниот стремеж и безрезервната борба на македонскиот народ за своја Држава се издигнал над материјалните околности кои го потиснувале низ двата Илиндена - оној во 1903 година и во 1944 година.

На првиот Илинден преку востание трасиран е патот кој ќе доведе до тоа на вториот Илинден преку народна револуција македонскиот народ меѓународно да се етаблира како еднаков со сите светски народи и со ексклузивно право да ја избира сопствената судбина во сопствена Држава.

Денес, на 120 години од Илинденското востание, и 79 години од Првото заседание на АСНОМ низ историски ревизионизам се извртуваат вистините за овие историски настани, минимизирајќи ги жртвите на генерациите на македонски револуционери кои положувајќи ги своите животи го ртат никулецот на Слободата на Македонија!

Како и претходно, така и сега, поривот за Слобода кој е содржан во националната свест на Македонците, неминовно ќе се ослободи од оковите на денешницата во кои пробуваат да ја поробат домашните предавници и великодржавните апетити наспроти Република Македонија.

Вечна слава на Илинден и АСНОМ!
Смрт на фашизмот - слобода за народот!
 

Политичка партија Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан