• четврток, 26 декември 2024

Левица бара итно ревидирање на одлуката за Охридскиот пливачки маратон

Левица бара итно ревидирање на одлуката за Охридскиот пливачки маратон

Скопје, 18 август 2022

Традиционалниот Охридски пливачки маратон годинава нема да се одржи бидејќи Претседателот на државата, Стево Пендаровски одби да биде покровител.

Охридскиот пливачки маратон кој се одржува традиционално секоја година уште од 1954 година, кој е дел од официјалните ФИНА маратони и е домаќин на многу светски пливачки ѕвезди, меѓу кои и нашите најдобри македонски маратонци кои многупати го имаат освојувано овој маратон.

Несериозни се изговорите на Пендаровски дека Пливачката федерација на Македонија има блокирана сметка, обидувајќи се да ја отфрли вината од себе. Сметката на Федерацијата е блокирана повеќе од петнаесет години, а ниту една претходна, ниту сегашната власт, директор на АМС, премиер или претседател не презедоа никакви чекори да ја одблокираат и да се овозможи нејзино нормално функционирање, спортистите остануваат оштетени подолго од деценија, а институциите не покажаа никаква заинтересираност да се излезе во пресрет и конечно да се реши криминалната позадина поради која страда овој спорт.

Скандалозно е тоа што, Наумче Мојсовски, како директор на АМС и претседателот Стево Пендаровски како покровител го поддржаа Охридскиот пливачки маратон изминатите години кога на чело на Пливачка федерација стоеше Александар Маленко - еден од главните виновници за блокираната сметка, а кој повторно направи долг кон ФИНА. Изненадувачки е како тогаш најдоа начин да го поддржат Охридскиот Маратон, но не и сега.

Владејачката СДС постојано докажува дека е антимакедонска партија која на секој можен начин се обидува да ги уништи сите традиционални манифестации и вредности кои се обележје, симбол и препознатливост за Македонија во светот, како Охридскиот пливачки маратон. Нивниот антимакедонизам само расте и гази сѐ што го одржува македонскиот дух.

Левица остро го осудува овој чекор наназад кој е директно уништување на македонското пливање, спортот како и промоцијата на традиционалниот Охридски маратон. Бараме итно ревидирање на одлуката, го повикуваме претседателот Стево Пендаровски да изнајде решение и да ја преиначи одлуката, а пливачкиот маратонот да ја продолжи традицијата и годинава.

Левица

________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан