• сабота, 23 ноември 2024

Левица: Бараме итна седница за пратенички прашања

Левица: Бараме итна седница за пратенички прашања
Скопје, 26 август 2020 (МИА) - Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, бараат утре да се одржи седница за пратенички прашања на која ќе присуствуваат министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката на Народната Банка, Анита Ангеловска-Бежовска, за да одговорат за пропаѓањето на „Еуростандард банка“. Од Левица информираат дека денеска до претседателот Талат Џафери упатиле официјално писмено Известување со барање за свикување итна седница за поставување пратенички прашања, која согласно Деловникот е предвидена да се одржува секој последен четврток во месецот. -Бидејќи планираме на оваа седница да го отвориме контроверзното прашање за пропаста на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај и на тргувањето со инсајдерски информации од страна на актуелни функционери на штета на граѓаните и јавниот интерес, пратениците на Левица, 24 часа пред седницата, писмено побараа на неа да се обезбеди задолжително присуство на министерката за финансии Нина Ангеловска и на гувернерката на Народната Банка на РМ Анита Ангеловска-Бежовска, согласно чл. 38 од Деловникот, велат од Левица. ир/дма/

Остани поврзан