Левандовски по 12. пат стана најдобар фудбалер на Полска
- Роберт Левандовски по 12-ти пат стана најдобар фудбалер на Полска.
Варшава, 29 јануари 2025 (МИА) – Роберт Левандовски по 12-ти пат стана најдобар фудбалер на Полска.
Во изминатите 14 години тој само двапати не успеа да ја добие оваа награда.
Триесет и шестгодишниот напаѓач на Барселона беше прогласен за најдобар полски фудбалер во 2024 година.
Наградата е основана од неделникот „Пилка Нозна“ во 1973 година. Левандовски првпат беше прогласен за најдобар во 2011 година и после тоа само двапати не успеа да стане лауреат.
Во 2018 година наградата му беше доделена на голманот Лукаш Фабијански (Вест Хем), а во 2023 година на играчот од средниот ред Пјотр Зиелински (тогаш играше за Наполи, сега за Интер). зс/
Фото: ЕПА