• сабота, 20 јули 2024

Левандовски потпиша со Барселона, пренесуваат шпанските медиуми

Левандовски потпиша со Барселона, пренесуваат шпанските медиуми
Барселона, 16 јули 2022 (МИА) - Фудбалерот на Баерн Минхен, Полјакот Роберт Левандовски, постигна договор со Барселона, пренесуваат шпанските медиуми. Левандовски има договор со Баерн до јуни идната година, а шпанските медиуми пренесуваат дека баварскиот клуб се согласил за предвремен прекин на соработката за сума од 50 милиони евра, плус бонуси. Според шпанскиот медиум „Кадена СЕР“ договорот со Баерн Минхен бил финализиран вчера на полноќ. Левандовски е четвртото засилување на Барселона ова лето, претходно на клубот се приклучија Франк Кеси од Милан, Андреас Кристенсен од Челзи и Рафиња од Лидс Јунајтед.ар/бк

Остани поврзан