• петок, 05 декември 2025

Левандовски подготвен за реваншот против Интер

Левандовски подготвен за реваншот против Интер


Барселона, 5 мај 2025 (МИА) – Шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона објави денеска дека напаѓачот Роберт Левандовски ќе биде подготвен за реваншот од полуфиналето во Лигата на шампиони против Интер, откако ги пропушти претходните четири натпревари поради повреда.
Левандовски се повреди на 19 април на натпреварот од шпанската Ла Лига против Селта, а Барселона објави дека по две недели закрепнување, полскиот напаѓач тренираше со тимот во недела и ќе биде подготвен за дуелот против Интер.
Во вторник во 21:00 часот, Барселона ќе игра на гостински терен во Милано против Интер, во реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите.
Првиот натпревар во Барселона заврши нерешено 3:3.
Левандовски е најдобар стрелец во Ла Лига оваа сезона со 25 голови, додека на 12 натпревари во Лигата на шампиони постигна 11 голови. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан