• сабота, 20 јули 2024

Левандовски: Многу сум среќен што се приклучувам на Барселона

Левандовски: Многу сум среќен што се приклучувам на Барселона
Барселона, 18 јули 2022 (МИА) - Многу сум среќен што се приклучувам на Барселона. Последните неколку денови беа долги, ова е ново поглавје во мојот живот и нов предизвик за мене, изјави Роберт Левандовски за шпанскиот клуб. „Јас сум играч кој сака да победува“, рече тој, дополнувајќи дека не мисли само на натпревари, туку и на титули. - Така што, се надевам дека ќе ги победуваме натпреварите и ќе стигнеме до титулите, дополни тој. На 16 јули Барселона објави за договорот со играчот на Баерн Минхен кој ќе биде потпишан до 2025 година со можност за продолжување. Во осум сезони поминати за Баерн, Левандовски постигна 344 голови со 72 асистенции во 375 натпревари. ар/aa/

Остани поврзан