• петок, 30 август 2024

Левандовски: Горд сум на она што го постигнавме заедно со Баерн

Левандовски: Горд сум на она што го постигнавме заедно со Баерн
Минхен, 17 јули 2022 (МИА) - Би сакал да им се заблагодарам на моите соиграчи, соработници, менаџментот на клубот и сите кои ме поддржуваа и направија да биде возможно да се освојуваат трофеи со Баерн, напиша Роберт Левандовски на Инстаграм. Тој се збогуваше со тимот на Баерн Минхен, откако Баварците решија да попуштат и соопштија дека се договориле околу трансферот на Левандовски во Барселона. Левандовски помина осум сезони во Баерн, освојувајќи ја Бундеслигата повеќе пати, како и Лигата на Шампионите во 2020 година. - Горд сум на она што постигнавме заедно. Најпрво, би сакал да се заблагодарам на фановите, бидејќи тие се оние кои го прават Баерн посебен клуб, каков што е, истакна тој. Како што пренесуваат шпанските медиуми, се очекува 33-годишниот фудбалер со Каталонците да потпише четиригодишен договор вреден 45 милиони евра. ар/бак/

Остани поврзан