• понеделник, 23 декември 2024

Леброн останува во Лејкерси

Леброн останува во Лејкерси

 

Лос Анџелес, 2 февруари 2024 (МИА) - Во последните денови во САД се шпекулираше дека Леброн Џејмс може да ги напушти Лос Анџелес Лејкерс пред крајот на преодниот рок во НБА. 

Сепак, оваа информација ја демантираше неговиот агент, Рич Пол, кој за „ЕСПН“ изјави дека предводникот на „езерџиите“ нема да биде преместен во друг тим.

- Леброн нема да оди во друг тим и не сме изразиле желба да се случи такво нешто, изјави Пол.

Не е тајна дека раководството на Лејкерс се обидува да најде начини да го засили тимот кој моментално се наоѓа на деветтото место во Западната конференција со скор 25-25. 

Сепак, „кралот“ очигледно ќе остане во тимот барем до летото кога му истекува договорот. 39-годишната суперѕвезда има опција во договорот вредна 51,4 милиони долари, но не е јасно дали таа ќе биде активирана. дс


Фото: Фејсбук

Остани поврзан