Леао верува дека Милан ќе го освои Скудетото оваа сезона
- Напаѓачот на Милан, Рафаел Леао, верува дека тимот се уште има шанси да го освои шампионскиот трофеј во италијанското фудбалско првенство оваа сезона.

Милано, 5 декември 2023 (МИА) - Напаѓачот на Милан, Рафаел Леао, верува дека тимот се уште има шанси да го освои шампионскиот трофеј во италијанското фудбалско првенство оваа сезона.
- Верувам во Скудетото. Пред нас е долго првенство. Мора да победиме како на последниот натпревар. Треба да го намалиме притисокот, го цитира играчот „pianetamilan.it“.
Леао игра за Милан од 2019 година, а во 2022 година тој и клубот веќе го освоија италијанското првенство.
Милан моментално е на третото место во поредокот со 29 освоени бодови. Пред „Росонерите“ се лидерот Интер со 35 бода и второпласираниот Јувентус со 33 бодови. зс/
Фото: ЕПА