• понеделник, 23 декември 2024

ЛДП во Собранието повторно предложи измени на Законот за платежни услуги и платни системи

ЛДП во Собранието повторно предложи измени на Законот за платежни услуги и платни системи

Скопје, 22 ноември 2024 (МИА) – Либерално-демократската партија денеска повторно во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи откако и минатата година го предложи заедно со Левица, но за него не се дискутираше.

Претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова на прес-конференција рече дека доколку се усвојат измените, „неоснованите трошоци ќе бидат регулирани со законско решение наместо со интерна банкарска политика“. 

-Преку овој предлог-закон ќе се ограничи слободата на банките неосновано да ги наплаќаат речиси сите нивни услуги. Граѓаните не се должни да ги богатат банките на нивна штета. Не смееме да дозволиме банките да наплаќаат надоместоци за затворање на платежна сметка, ниту пак надоместоци за затворање на дебитни или кредитни картички – банката е должна веднаш да ја затвори сметката на барање на граѓанинот. Дополнувањата и измените предвидуваат доколку една сметка во банка е прогласена за неактивна од страна на банката, тогаш банката да не смее понатаму да наплатува никакви надоместоци од таа сметка, паричните средства ќе бидат заштитени, истакна Зајкова на прес-конференцијата. 

Претседателката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова изјави дека партијата дејствува независно и оти тоа може да се заклучи од поднесените закони на ЛДП, од стренограмите, излага

Со измените на Законот за платежни услуги и платни системи се предлага воведување на уште неколку системски решенија – намалување цената за онлајн плаќања, проверка на состојба на трансакциска сметка на банкомат, намалена провизија за повлекување пари од банкомат на друга банка итн.

Претседателката на ЛДП ги повика сите пратеници во Парламентот да го поддржат Предлог-законот чија цел е, рече, „враќање на илјадници денари во џебот на граѓаните“. хс/дма/

Фото: МИА / МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан