• сабота, 23 ноември 2024

Ла Лига се враќа на 7-ми или 14-ти јуни

Ла Лига се враќа на 7-ми или 14-ти јуни
Мадрид, 29 април 2020 (МИА) - Шпанското фудбалско првенство ќе биде обновено на 7 или 14 јуни со натпревари без публика, тврди „Кадена КОПЕ“, повикувајќи се на свои извори. Вчера шпанскиот премиер Педро Санчез објави дека индивидуалните спортски активности се дозволени од 4 мај. Ова значи дека од понеделник, фудбалските тимови ќе можат да ги соберат своите играчи со уверување дека им е обезбедено безбедно растојание. Според информациите на шпанските медиуми, тренинг ќе биде дозволен за помали групи од 11 мај. Од 26 мај ќе бидат дозволени групни тренинзи за целиот состав, а две или три недели подоцна првенството ќе биде продолжено. Ла Лига беше запрена по 27-то коло.

Тагови

Остани поврзан